Половина плата на сметка, половина на рака

Половина плата на сметка, половина на рака. Речиси 20 отсто од работниците во земјава земаат плата во коверт. Најчето, тоа се оние кои работат за  минималец.

Според истражувањата на Фајнсенс Тинк, над  60 % од нив, сумата која ја добиваат во плик  им  е идентична  со онаа што ја добиваат на сметка. Мајсторите, текстилците, менаџерите, земјоделците третина  од платат ја добиваат во плик.

- Од занимањата најмногу пари на рака добиваат мајсторите  од металната, машинската, текстилната прехрамбената индустрија  работнциите во услужниот сектор. Од секторите е најзастапена во градежништвото, рече Благица Петрески- финансиски аналитичар, во изјава за Сител

Со ваквиот начин на исплата на плата  газдите избегнуваат да ги платат во целост придонесите, а вработените не се во можност да подигнат кредит од банка. Експертите препорачуваат-  за да се искорени проблемот кај најниско платените работни места да има поголеми даночни олеснувања.

По области  ваквиот начин на исплаат на плата е најзастален кај газдите од Пелагонискиот регион, во Битола, Прилеп , Ресен ,Крушево. А најголем износ на плата во плик добиваат работниците од скопскиот регион.