Половина од вашите пријатели не ве сметаат за свои пријатели!

Само затоа што мислите дека некој ви е пријател, не значи дека и тие го мислат истото. Едно ново истражување  покажува дека е можно луѓето да имаат повеќе еднострани пријателства отколку што тие мислат.

Во истражувањето, истражувачите од МИТ Медиа Лаб замолиле 84 студенти во една група да оценат колку добро ги знаат останатите луѓе во групата. Тие на секој учесник му дале задача да ги оцени другите учесници од 0-5, каде 0 значи „не ја познавам оваа личност“, 3 значи „пријател“, а 5 е „еден од моите најдобри другар(к)и“.

Потоа, учесниците биле замолени да се обидат да предвидат како останатите учесници би ги оцениле нив. Сосема логично, луѓето мислеле дека учесниците кои тие ги сметале за свои пријатели, ќе ги оценат нив како свои пријатели. Но, ова не било случај. Речиси половина од пријателствата кои биле наведени во анкетите не биле реципроцитетни, а тоа значи дека еден од двајца луѓе сметал дека другиот човек му е пријател.

Истражувачите напоменуваат дека ова можеби се случува заради т.н „општествено искачување“. Луѓето можеби полесно ќе кажат дека се пријатели со некој кој има поголемо општествено влијание, додека пак луѓето кои се попопуларни се попребирливи околу тоа кого ќе наречат свој пријател.

Неодамнешните истражување го поврзале пријателството со многу значајни здравствени поволности како подолг живот, подобро ментално здравје и понизок ризик од добивање деменција. Додека некои истражувања ги поврзуваат овие поволности со добрите и здрави пријателства, тешко е да се каже дали луѓето кои имаат еднострани пријателства ги сметаат истите за лоши и незадоволителни или пак поеднакво уживаат во дружењето со луѓе кои нив ги сметаат само за познаници, како и во дружењето со луѓе со кои се поблиски. Ова може да додава и ниво на комплексност на истражувањата за социјално влијание, кое обично ги прашува луѓето за нивните општествени врски и нивната перцепција за нив.