Половина од Македонците се скептици кога е во прашање влегување на земјата во ЕУ

Истражувањето „Хоризон 2020“ што е направено на програмата на Европската унија во однос на тоа како жителите на Западен Балкан гледаат кон пристапувањето во Унијата, покажа дека Македонците, Србите, Црногорците и Босанците се речиси со поделени мислења во однос на тоа прашање. 

Српските испитаници (60 отсто од нив), се најголеми евроскептици, оценувајќи дека од Унијата имаат корист само оние кои се богати и моќни, како и дека пристапувањето кон ЕУ ќе ги загрози нивниот културен идентите и економијата. 

Истражувањето покажува дека 50 проценти од Македонците се евроскептици, а потоа следат граѓаните на Босна и Херцеговина и на Црна Гора и покрај тоа што Подгорица е „најблиску“ до влез во Унијата. 

За разлика од нив, во најголем процент жителите на Албанија и на Косово не го застапуваат ставот дека Унијата лоша ќе влијае врз нивниот културен идентите или економијата. 

Предраг Цветичанин, социолог и координатор на истражувачките акативности во рамките на проектот „Надминување на јазот меѓу формалните и неформалните институции на Балканот“, објасни дека постојат неколку причини за скептичноста на дел од жителите од Западен Балкан во однос на пристапувањето кон ЕУ. 

- Меѓу причините за скептицизмот е тоа што Унијата често се процесира само како извор на богатство и помош, објаснува Цветичанин, додавајќи дека таа не е толку привлечна кога е соочена со проблеми. 

Тој исто така, костатира дека за разлика од кризите во деведесетите години на минатиот век, кога САД и ЕУ биле „единствен“ меѓународен фактор, сега врз регионот влијание имаат и Русија, Турција, Кина, Саудиска Арабија па дури и Иран.

- Тоа е секогаш опасно, кога големите светски сили мислат дека вие сте идеален пион за нивните стратешки игри. Поради тоа се надевам дека сите земји во регионот ќе бидат доволно паметни да не ја прифатат таа улога. Што се однесува на ЕУ, можеби тиа поради моменталната ситуација ќе го изгубат интересот за Западен Балкан, а можеби и токму поради тоа ќе го забрзаат процесот за пристапување на земјите од регионот во Унијата. Тоа останува да се види, но последните сигнали посочуваат кон второто, заклучува Цветичанин.