Половина населби во страв и паника од провали и кражби во домот

Продавачка преживеала хорор, нападната, ограбена и повредена, Со автоматска пушка ограбиле бензиска на „Првомајска“... Кражбите во Скопје, но и во целата земја станаа секојдневие за граѓаните. Во полициските билтени што ги објавува Министерството за внатрешни работи од почетокот на годината се информираше за дваесетина тешки кражби во куќи и во станови низ градот.

„Кога го отворив дуќанот утрово барајќи еден алат во мојата работилница забележав дека ми фалат поглем дел од машините  и рачниот алат за работа.Штетата е околу 30 илјади денари, крадците немаа направено неред , точно знаеле каде ми стојат работите, па си ги земале“, вели 30-годишниот автомеханичар Александар од Драчево.

„Пред неколку дена кога влегов дома забележав расфрлени, предмети, документи и облека на подот...Бидејќи  влезната врата ја отворив со клуч, сфатив дека станот ми е провален преку балконот. Крадците барале, но јас дома не чувам пари во готово, забележав дека во кујната беа претурани полиците каде ми е наредена зимницата и домашната ракија , па забележав дека се земени неколку тегли и 3 шишиња ракија, раскажува Славица од Мичурин.

И давјацата скопјани повикале полиција за да изврши увид.

Во Скопје потребно е да се вработат најмалку 300 нови полицајци за да се воведе позорникарска служба. СВР Скопје се соочува со недостиг на кадар.

-Порано во секоја населба имаше полицајци. Сите граѓани од наслебата ги знаеа и имавем одличен однос.Потребна е маалска полиција барем арамиите ќе имаат страв, вели пензионерот, Илија од Ѓорче. 

Од МВР велат дека  најчесто низ Скопје се крадат злато и пари, лаптоп-компјутерите и телевизори. Најчесто разбојниците и се познати на полицијата. Тоа се, велат, лица кои го повторуваат делото, некои од нив се специјализирани да крадат по станови и куќи, а други пак за обивање автомобили.

По Куманово, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски  планира  и во главниот град да го реализира проектот маалски полицаец,  но по месец март  кога ќе заврши  со обука последната генерација кадети во Идризово.

За почеток оваа служба ќе биде воведена во неколку скопски општини.