Половина ден без струја - Денеска прекини во шест урбани скопски општини

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска (четврток), поради планирани зафати на електродистрибутивната мрежа, на повеќе локации во Скопје и околината ќе има прекини во снабдувањето со електрична енергија.

Без струја ќе останат:

  • Општина Бутел: дел од ул. „Костурска“, од 07:50 до 09:50 часот.
  • Општина Сарај: дел од главната улица кај маркет „Ер Грос“ и „Јони Хоме Центер“, од 08:30 до 14:00 часот.
  • Општина Кисела Вода: ул. „Емил Зола“ и „Мишко Михајловски“, од 09:00 до 14:30 часот, поради зафат на електродистрибутивната мрежа.
  • Општина Илинден: ул. 10 и ул. 21 во с. Кадино, од 09:00 до 13:00 часот, поради замена на електричен столб и замена на две празнини.
  • Општина Бутел: дел од ул. „Костурска“, Болница „Санте Плус“ и Болница „ВФВ“, од 10:05 до 12:05 часот.
  • Општина Карпош: дел од ул. „Варшавска“, од 13:00 до 14:00 часот.

Прекините се најавени поради планирани интервенции и работи на електродистрибутивната мрежа.