Полнето, потпечено лепче (фото)

Потпеченото, полнето лепче кое може да го послужите како појадок, ручек, вечера или мезе ќе ви стане новиот омилен рецепт.

Состојките може да ги менувате по желба, ова е само основниот рецепт:

  • 1 леб на парчиња
  • 4 јајца
  • 3 големи домати
  • 500g салама
  • 150g кашкавал
  • 100g путер
  • 150g млеко
  • Сол и зачини

Подготовка:

Секое парче леб премачкајте го со путер. Наредете ги парчињата во овална тава за слатки пандишпани.

Исечете ги доматите и саламата на кругови, па редете ги во празнините помеѓу лебот.

Изматете 4 јајца со млекото, малку сол и зачини. Прелијте го лебот со оваа мешавина.

На крај, изрендајте го кашкавалот и ставете го одозгора. Може да измешате и сирење и кашкавал ако сакате.

Загрејте ја рерната на 180 степени и печете го полнетото лепче додека не зарумени и кашкавалот не се растопи.