Полнети потпечени компири

Компирите можат да се подготвуваат на стотици начини, во најразлични комбинации, а секогаш да добиете вкусен оброк. 

Полнетите компири не се нешто ново во кулинарскиот свет, но секоја идеја плус е добредојдена за да ги збогати вашите ручек или вечера. 

Состојки:

Неколку компири (еден до два по лице)
Шунка, сирење, кашкавал, павлака, зачини
Други додатоци (сушен домат, печурки, сланина...)

Подготовка:

Компирите сварете ги заедно со лушпата. Отсечете дел од нив, над линијата што го дели на половина по должина. Издлабете. Од отсечениот и издлабениот дел и другите состојки направете фил. 

Полнете со смесата. Завршете со кашкавал, за да се растопи и да направи корка додека се пече. 

Печете на хартија за печење, без дополнително намастување на тавата, околу 15 минути на 180 степени.