Полнети пиперки со сирење

Летните месеци се одлични да го збогатите вашето мени со пиперки, кои се полни со витамини и минерали, а исто имаат и специфичен вкус кои многу јадења ги прави повкусни и попривлечни. 

Полнетите пиперки се неизоставен дел од македонската традиционална кујна, но ако го изоставите месото, ќе добиете полесен оброк, кој побрзо се приготвува. 

Ова е нашиот денешен предлог:

8 поголеми свежи пиперки
300 гр сирење
Две јајца
Две лажици гриз
Сол по вкус
Масло
Зачини

Подготовка:

Пиперките исчистете ги на вообичаен начин. Подгответе смеса од иситнетото сирење и јајцата, ставете гриз и зачинете. Премачкајте ја тавата за печење со масло и наредете ги наполнетите пиперки. 

Печете половина час на температура од 200 степени.