Полнети мини-погачи со мелено месо и кашкавал

Овие полнети погачи можете да ги јадете и за појадок и за вечера, но и секогаш кога ќе ви се пријаде. Одлични се и топли и ладни.

Состојки:

150 мл млеко
8 гр сув квасец
Една лажичка шеќер
450 гр брашно
50 мл масло
Една лажичка сол
Една лажичка сув магдонос

За фил: 

Еден кромид
200 гр мелено месо
Магдонос
Маслиново масло
Зачини
150 гр кашкавал

Подготовка:

Во топлото млеко ставете квасец и шеќер, промешајте па додајте сол. По некое време ставете ги и маслото и сувиот магдонос. Измешајте со брашното и замесете тесто, кое ќе го оставите да нарасне 40 минути. 

За тоа време направете фил од мелено месо, кромид и зачини. Тестото поделете го на 8 парчиња, и најпрво развлечете ги и наполнете со филот и во секоја ставете парче кашкавал и затворете. Наредете на плех за печење, премачкајте со жолчка, ставете сусам и печете 30 минути во рерна загреана на 180 степени.