Полната Месечина во петок носи радост за 3 хороскопски знаци

Сината полна Месечина настапува на 31 октомври.

Ова е втора полна Месечина во текот на октомври, а ни носи возбудлива и мистериозна енергија. Таа носи радост за 3 знаци.

Лав

Со оглед на влијанието на ретроградниот Меркур, вашиот професионален живот ќе стане повозбудлив. Ќе се соочите со неверојатни можности кои можеби ќе ви донесат мал стрес, но сето тоа е за добро. Она што можете да го направите е да ги пречекате сите промени со отворени раце.

Најдоброто допрва доаѓа.

Шкорпија

Оваа месечина ве поттикнува да ги анализирате блиските односи со другите луѓе. Тоа може да се однесува на љубовта, но и на односите кои ги имате со пријателите и членовите на вашето семејство. Ќе добиете јасна визија за проблемите кои ги имате и на кои треба да поработите во натамошниот период. 

Искористете ја оваа шанса подобро да се поврзете и разберете со своите сакани.

Водолија

Вие немате проблеми кога станува збор за новите нешта во вашиот живот. За време не оваа полна Месечина, морате да ги отворите своите граници и да направите простор за нови луѓе во вашиот живот. Ве очекува развој, и иако тоа делува застрашувачки, нема потреба за грижа. Доаѓате до подобра верзија на себеси.

Само ослободете се од своите стравови и имајте доверба во универзумот.