Полна Месечина во Водолија: Што му носи на вашиот хороскопски знак?

Полната Месечина настапува на небото во петок во знакот Водолија.

Што му носи на вашиот хороскопски знак?

Овен

За Овните, оваа полна Месечина е фокусирана на соработката и тимската работа бидејќи ќе престојува во нивната единаесетта куќа на поврзувања и големи групи. Тоа ќе донесе до поголемо разбирање со луѓето околу вас, но и потенцијална соработка која ќе биде многу корисна за вас на долг рок. Затоа, не минувајте време сами туку излезете, запознавајте нови луѓе и посветете се на оние кои ви значат.

Бик

Биковите треба да се подготват да блеснат во најубаво светло, бидејќи полната Месечина за нив настапува во десеттата куќа на кариера. Вашата напорна работа ќе биде признаена од другите, а конечно ќе ги соберете и плодовите од она во што се вложувавте изминатиот период. Ако можеби сакате да добиете унапредување или целите кон лидерска позиција, сега е време за тоа.

Близнаци

Близнаците треба да ја искористат оваа полна Месечина за да излезат од својата зона каде се чувствуваат најпријатно и да преземат ризици. Оваа месечина ви нуди можност да целите кон ѕвездите. Што е она што ви е важно во изминатиот период? Фокусирајте се на тоа и постигнете го и невозможното.

Рак

За Раковите, оваа полна Месечина доаѓа во осмата куќа на мистерии и трансформации. Ќе се чувствувате како милион мисли и емоции да минуваат во вас и иако на моменти тоа ќе делува непријатно, треба да знаете дека сето тоа е за добро. Имате неверојатна сила за време на овој период да ги шармирате и освоите луѓето. 

Лав

Со оглед на тоа што полната Месечина за вас доаѓа во седмата куќа на љубовни врски, можни се одредени придвижувања на ова поле. Дозволете си да флертувате и да се забавувате, но ако вашето срце затрепери кога ќе сретнете една посебна личност, дадете и шанса и не бегајте од љубовта. Ова е транзит кој носи нов почеток за вас на љубовното поле.

Девица

Девиците ќе бидат фокусирани на своето здравје и ќе се посветат на градење нови навики со оглед на тоа дека полната Месечина настапува во нивната шеста куќа на здравје и добросостојба. Добрата вест е дека ќе можете да се осврнете на тоа што не функционира во вашиот живот и да изградите нови навики кои ќе ви бидат корисни.

Вага

За вас, полната Месечина доаѓа во експресивната и романтична петта куќа што ќе ве направи ориентирани кон љубовта и чувствата. Ќе бидете нежни кон другите, а ќе освојувате и со својот сексапил. Искористете ја оваа енергија за нов почеток на полето на љубовта или пак да ги зачините нештата во врската, ако веќе имате сакана личност покрај себе.

Шкорпија

Со присуството на полната Месечина во вашата четврта куќа, ќе бидете фокусирани на домот и најблиските луѓе. Ќе се посветите на нив, на она што им е потребно и ќе работите на зближување со она што ви е најсвето и од кадешто поттекнувате. За некои Шкорпии доаѓа и реновирање во домот или купување нов дом. Ова е одлично време за тоа.

Стрелец

Стрелците сакаат да се независни, но не и сега кога полната Месечина престојува во нивната трета куќа на комуникација и заедништво. Оваа енергија ви носи потреба да се поврзете со другите луѓе на едно подлабоко ниво, да се отворите, но и да слушнете од нив. 

Јарец

Вие сте личност која работи напорно а оваа месечина доаѓа во втората куќа на стабилност и финансии, па вашата работа конечно ќе се исплати. Во следните четири недели ќе го чувствувате тоа и ќе бидете горди на себеси за сите постигнувања.

Водолија

За вас, полната Месечина е ориентирана кон вас бидејќи доаѓа во вашата прва куќа на себеси и идентитет. Фокусирајте се на она што ви значи, посветете се на себеси и бидете најдобрата верзија од себе. Ова е и одлично време да рефлектирате каде бевте досега и каде сакате да бидете.

Риби

Полната Месечина во Водолија за вас настапува во дванаесеттата куќа на краеви. Ова е одлично време да заборавите на тоа дека треба да страдате во тишина, туку да се поврзете со другите, но и да ги научите сите лекции кои ви ги носи оваа полна Месечина. Ослободете се од она што не ви носи ништо добро и продолжете напред!

Running Sneakers | Air Jordan Release Dates 2020