Полна Месечина во Водолија: Што им носи на хороскопските знаци?

Сонцето се движи во Лав, но Месечината е во Водолија.

Овој транзит ќе нè поттикне да побараме баланс и да обрнеме внимание на туѓите потреби, но и на себеси. Оваа полна Месечина е како емотивен компас, таа ја буди нашата интуиција и ни дава чувство на сигурност, особено во оние области каде можеби тоа ни недостасуваше досега.

Ова е нашата шанса да рефлектираме што чуваме во срцето, да се зближиме уште повеќе со нашите најблиски и да тргнеме на едно ново патување. 

Што им носи на хороскопските знаци?

Овен

Со полната Месечина во вашата единаесетта куќа на поврзување, важен е тимскиот напор за време на оваа недела. Промените кои ги замислувате можат да се остварат само ако им дозволите на другите да ви помогнат. Затоа е важно да најдете луѓе кои можат да ви дадат поддршка, но и кои имаат слични вредности како вас. 

Ставете ја соработката и поврзаноста со другите на прво место. Тоа ќе ви донесе поттик да постигнете многу, но и да бидете задоволни од она што го постигнувате со помош на другите.

Бик

Полната Месечина ја осветлува вашата десетта куќа на кариера, што може да биде како финиш линија за за едно професионално поглавје во вашиот живот и почеток на нешто ново. Овој транзит ви носи потреба да бидете бунтовници  и револуционери.  Таа е и во квадрат со Уран во вашата зона на приходи, што значи дека ќе преземете голем чекор што ќе ви донесе самодоверба, но и подобри приходи.

Близнаци

Полната Месечина за вас е во зоната на учењето и ви носи големи лекции кои произлегуваат од вашите авантури. Со помошта на Сатурн, ќе имате можност да се ослободите од некои ограничувања и да си овозможите личен развој. Ако нешто не функционира како што треба, притиснете пауза и успорете. Нема потреба од брзање. 

Рак

Полната Месечина е во вашата осма куќа на емоционални поврзувања, што значи дека е време да се посветите на заедничките ресурси и интимноста. Важно е да се грижите за саканата личност или некој кој ви е близок, но исто така да не ги заборавите и сопствените потреби. Таа за некои Ракови ќе донесе ситуација или настан кои ќе ви помогнат да се ослободите од некои стеги. 

Лав

Полната Месечина во вашата седма куќа на партнерства ви носи крај на еден дел од вашиот живот и носи сосема ново поглавје на ова поле. Можно е да ја сретнете сродната душа за време на овој транзит.

Девица

Полната Месечина за Девиците е во нивната шеста куќа на дневна рутина и подобри навики што значи дека конечно ќе се посветите на одмор и релаксација по долгиот и напорен период. Не заборавајте на грижата на себеси и следете ја својата интуиција. Таа ќе ви покаже што не е вредно во вашиот живот и што ви носи повеќе стрес отколку возбуда. 

Вага

Романтичната спонтаност и изразувањето се најважни за вас во овој период. Препуштете се на новите нешта, спонтаноста и непредвидливоста и дозволете си да уживате целосно. Ова е транзит кој носи неверојатна инспирација за Вагите.

Шкорпија

Полната Месечина настапува во вашата четврта куќа на домашниот живот, што значи дека е време да се ослободите од некои рани од минатото. Дополнително, во целиот процес ќе успеете да најдете поддршка од вашата сакана личност, пријател или член на семејството.

Стрелец

Полната Месечина е во вашата трета куќа на комуникација, што значи дека ќе имате неверојатна желба за интелектуална стимулација. Ќе успеете да се поврзете со колегите, но и да ги споделите своите идеи и да дојдете до заеднички решенија.

Јарец

Полната Месечина е во вашата втора куќа на приходи, што значи дека парите се главниот приоритет за вас, овој период. Како што се движите напред, размислите за тоа како можете да си дозволите повеќе забава и спонтаност со приходите кои ги имате.

Водолија

Полната Месечина е во вашиот знак во првата куќа на вашата личност. За време на овој транзит, важно е да се соочите со тешките емоции кои можеби ќе ве нападнат. Фокусирајте се на решенијата, но не заборавајте на своите чувства и свесноста за нив.

Риби

Полната Месечина е во вашата последна куќа на мистериозноста и духовноста, што значи дека за вас оваа полна Месечина е насочена кон умот и потсвеста. Обрнете внимание на своите соништа, следете ја интуицијата и утврдете каде сакате да бидете за неколку месеци од сега.