Полна Месечина во Овен: Што им носи на хороскопските знаци?

Полната Месечина во Овен ќе го осветли небото на 1 октомври. 

Со силата на Овенот, подгответе се вашето трпение да биде ставено на тест, но и да бидете охрабрени да ги прифатите сите промени во вашиот живот. Ваквата искра на оптимизам и храброст може да ви помогне во голема мера овој период.

Овен

Нова позрела верзија од вас доаѓа за време на овој транзит. Додека полната Месечина ќе биде во вашиот знак, конечно ќе успеете да ги соберете плодовите од вашата напорна работа во изминатиот период. Постои одреден дел од вас кој правеше да се сомневате во себе и да бидете несигурни, но сега работите се менуваат. Ги гледате работите со појасна визија и имате нова верба во себеси.

Бик

Ова ќе биде транзит кој ќе ви помогне да се фокусирате и да постигнете успеси. Се чувствувате разбудено и имате многу нови идеи, но и сила да ги завршите сите проекти. Искористете ја ваквата страст за да ги завршите работите. Можете да креирате магија и структура, но и да ја искористите својата трпеливост за да постигнете многу. 

Близнаци

Со овој транзит, работите конечно ќе тргнат во ваша полза. Полната Месечина ви носи моќ да бидете во центарот на вниманието и тоа воопшто нема да ви пречи. Ќе бидете забележани поради своите идеи и ќе ви биде полесно да ги исполните вашите планови.

Рак

Ова е важен транзит за вас кој ви помага да сфатите каде одите. Ако сте фокусирани на тоа да постигнете успех, време е конечно да научите некои важни лекции кои ќе ви помогнат како да блеснете пред другите. Ќе добиете признание за вашиот напор и конечно ќе можете да ги реализирате сите идеи.

Лав

Овој транзит ви носи инспирација. Постои одредено ниво на самодоверба кое ќе се качи на ново ниво за време на полната Месечина. Сите сомнежи кои ги имавте досега веројатно ќе исчезнат и ќе можете да се фокусирате на тоа што го сакате. 

Девица

Овој транзит ќе биде многу интензивен за Девиците, бидејќи ќе се обидете да се поврзете со луѓето на кои заборавивте изминатиот период. Можно е да се вратат некои спомени од минатото, но тоа ќе ви даде јасна визија кого сакате покрај себе. Ова е совршен период да ги направите сите потребни промени. Исто така, полната Месечина ви помага да ги наполните батериите, да се одморите и да се чувствувате како нови. 

Вага

Една од најважните работи за време на полната Месечина ви носи допир со себеси и оние кои се околу вас. Ова е период кога ќе излезете од својот сигурен простор и ќе добиете поддршка од своите најблиски. Заборавете ги нештата кои ве држат назад. Откријте која е вашата вредност и што е тоа што има моќ да ви помогне да бидете успешни и независни. Ова беше тешка година за вас, но убавите нешта доаѓаат пред вас.

Шкорпија

Овој транзит ќе направи да се чувствувате како да сте во сенка, но постојано ќе бидете мотивирани да постигнете успех. Полната Месечина дава акцент на вашата рутина, но и ви носи сила да бидете препознаени за тоа што го правите за другите. Една од работите кои треба да ги имате на ум е да  практикувате трпение, не дозволувајте фрустрацијата да ве победи.

Стрелец

Интересни ситуации доаѓаат за Стрелците за време на овој транзит. Ќе почнете да ги гледате работите поведро и ќе успееете да ги анализирате вашите успеси и да научите важни лекции за тоа како да продолжите напред. Полната Месечина ве насочува кон големите соништа и ве носи на еден подобар пат за успех. Ова може да се однесува и на вашето признание што точно сакате од врските и да се подготвите за една убава љубовна приказна.

Јарец

За овој транзит доаѓаат мирни моменти за Јарците. Ќе бидете ценети за време на полната Месечина и ќе успеете да изградите многу дипломатичен однос кон другите луѓе. Кога ќе се соочите со хаос, потрудете се да ја канализирате својата енергија кон градење нешто ново. Оваа полна Месечина ви носи контрола и стабилност, но и сила да се фокусирате на домот и семејството. 

Водолија

Со полната Месечина во Овен, Водолиите ќе се чувствуваат сигурно во своите врски и кон градењето силни односи кон другите луѓе. Ова ви носи силен оптимизам и чувство на слобода. Ќе се чувствувате инспирирано да ги проширите своите хоризонти и да научите нешто за оние работи од кои се плашевте досега. Полната Месечина ви дава и храброст за да се отворите кон личноста која ви се допаѓа.

Риби

Ова ќе биде моќен транзит за Рибите, бидејќи ќе ве ослободи од стресот во вашиот живот. Ќе успеете да постигнете храброст, но и да постигнете признание за тоа што го правите. Доаѓа силна позитивна енергија, а време е да ги прифатите сите предизвици од кои се плашевте досега.