Полна Месечина во Овен: Одлична енергија за Водолиите, Близнаците, Лавовите и Стрелците

Оваа месечина е позната како ловечка Месечина и таа го осветлува небото вечерва.

Секој месец носи полна Месечина, а оваа носи интензивна енергија поради импулсивноста на Овен, чиј владетел е воинствениот Марс.

Овен, Рак, Вага и Јарец

Оваа полна Месечина носи предизвици за кои треба да бидете подготвени. Дополнително, ја имаме опозицијата на Сонцето и Месечината. Марс е на неколку степени од сонцето, носејќи ни асертивна енергија, но и агресија. Тоа создава и конфликт со Плутон, па затоа најдобро е да избегнувате гужви, ризични потфати и конфликти со вашите најблиски.

Водолија, Близнаци, Лав и Стрелец

За разлика од првата група, овие четири знаци добиваат повеќе поддршка за време на полната Месечина. Тука ја немаме силната енергија на Плутон, но ја имаме поддршката на Јупитер кој носи раст, нови можности и експанзија. Ова е одличен период за проекти, групна работа и нови потфати. Марс ви дава и храброст и ентузијазам, а Јупитер ја засилува енергијата на позитивен начин и ви помага да го комплетирате тоа што е започнато.

Бик, Девица, Шкорпија и Риби

Полната Месечина нема да има големо влијание над овие знаци. Во астрологијата, тие се познати како знаци кои не се гледаат еден со друг. Сепак, дополнително треба да ја погледнете вашата натална карта и поставеност на планетите за да добиете дополнителен увид.