Полна Месечина во Близнаци: Што ги очекува хороскопските знаци?

Декември ни ја носи последната полна месечина за оваа година.

Таа го осветлува небото на 7 декември во знакот Близнаци. Овој транзит ни помага да го заборавиме минатото, но пред тоа ни носи некои скриени чувства на површина со кои ќе треба да се избориме и да ги ставиме зад себе.

Што им носи таа на хороскопските знаци?

Овен

Полната Месечина ја осветлува вашата трета куќа на комуникација и во сојуз со вашиот владетел Марс можно е да ве насочи кон надминување на конфликт со близок пријател или роднина. Време е да се поправат работите на крајот на годината.

Бик

Таа ја осветлува вашата втора куќа на приходи и ви носи поттик да средите некои проблеми на работното место, а некои Бикови носи и храброст да побараат покачување според она што сметаат дека го заслужуваат.

Близнаци

Полната Месечина е во вашиот знак и здружена со Марс ви носи можност да се посветите на нешто што ви е блиско до срцето. Споделете го она што го чувствувате и бидете свои, страста гори во вас.

Рак

Оваа месечина е во вашата дванесетта куќа на духовноста и ви носи можност да се одморите, опуштите  и да се фокусирате на вашите цели. Запаметете дека грижата за себеси е најважна за да можете да го преземете следниот чекор.

Лав

Полната Месечина е во вашата единаесетта куќа на поврзување и ви носи ситуации во кои ќе покажете дека сте тимски играч, меѓу колегите, но и вашите пријатели. Ако се чувствувате дека не се исполнети вашите потреби, ова е одлична можност да го споделите тоа.

Девица

Полната Месечина ја осветлува вашата десетта куќа на кариера и ви носи кулминација на полето на кариерата. Посакувате да добиете признание за вашиот напор и ќе можете да го изразите тоа пред крајот на годината.

Вага

Полната Месечина е во вашата деветта куќа на авантура, па така ве прави малку немирни. Не сакате да се чувствувате заглавено и имате силна потреба да направите нешто. Ја имате храброста за тоа, само изберете што е она што ве прави среќни.

Шкорпија

Полната Месечина е во вашата осма куќа на емоционална поврзаност и заеднички ресурси, а тоа носи важни разговори за вас. Ќе го изразите она што го чувствувате и тоа ќе ви донесе можност лесно да се поврзете со оние кои ви значат.

Стрелец

Полната Месечина е во вашата седма куќа на пријателства и ви носи можност да дојдете до реципроцитет и разбирање. Ова е одличен момент за разговори кои ќе ве однесат чекор подалеку.

Јарец

За Јарците, овој транзит носи промени во нивните здрави навики и добросостојба. Ќе имате силен поттик да го организирате својот распоред и да го споделите она што долго го чувате во себе.

Водолија

Полната Месечина ја осветлува вашата петта куќа на романса и ви носи моменти на задоволство. Направете го она што е најдобро за вас, препуштете се на она што ве прави среќни.

Риби

Полната Месечина овој месец ја осветлува вашата четврта куќа на домот и ве поттикнува да направите баланс меѓу работата и вашите лични обврски. Поставете граници на ова поле, со цел да се одморите и чувствувате подобро.