Полна Месечина на 5 јули: Што им носи на хороскопските знаци?

Лунарната еклипса доаѓа на 5 јули. 

Прочитајте како таа ќе влијае на хороскопските знаци.

Овен

Доаѓаат големи промени во вашиот професионален живот. Изгледа како да не можете да избегате од минатото, колку и да се трудите, а сега е време да се потсетите дека можете само да научите важни работи. Пробајте да се фокусирате на иднината и да верувате во себе, бидејќи планетите ви носат убави работи.

Бик

Ако бевте на мисија да созреете и да стекнете поголемо знаење, тогаш оваа лунарна еклипса ќе направи да посакате да патувате. Иако тоа е  речиси невозможно овој период, ништо не ве спречува да влезете во автомобил и да видите какви места крие нашата земја. Исто така, време е да се фокусирате на учење, да го завршите сето она што чека на вас.

Близнаци

За Близнаците доаѓа до длабока трансформација. Ќе се чувствувате како сосема нова личност.

Рак

Не се трудете да доминирате над вашиот партнер и не го нарекувајте тоа баланс, бидејќи не е така. Оваа полна месечина ќе има големо влијание на вашите врски и може да ви донесе нови информации. Најдобро е да не претпоставувате и да ја погледнете поголемата слика.

Лав

Овој период ќе се фокусирате на вашето здравје и добросостојба. Ќе се грижите за себеси и за своите емоции, а тоа ќе ви помогне полесно да согледате некои аспекти од вашиот живот.

Девица

Вие сакате да тргнете да ги исполните своите цели и лични страсти, а оваа лунарна еклипса ви носи добра среќа и успех, но и задоволство.

Вага

Ќе се потрудите да постигнете баланс меѓу работата и личниот живот. Потрудете се да успорите и да ги слушнете своите емоции. Оваа еклипса ќе ви помогне да одморите и здивнете.

Шкорпија

Можно е да се најдете во средина на драма, па да бидете принудени да ги видите работите од поширока перспектива. Бидете внимателни како се поставувате кон другите и во однос на тоа како носите одлуки.

Стрелец

Што и да направите, ќе се прашувате дали е тоа вистинското. Емоционалната енергија ќе биде насочена длабоко кон вашите мисли, така што овој викенд можеби и ќе се изморите од мислење.

Јарец

Јарците се практични личности кои сакаат да ги држат работите под контрола, но оваа еклипса веројатно ќе ги размрда работите. Ќе размислувате, а можно е да имате и сменети погледи во однос на некои работи по оваа полна месечина.

Водолија

Вие сте заглавени во вашата глава и срце, овој период. Потрудете се да се одморите и релаксирате. Можеби ќе посакате да работите, но не го правете тоа. Фокусирајте се на себеси.

Риби

Отворени сте кон нови нешта, а енергијата на полната месечина ќе влијае на тоа како се поставувате кон другите луѓе. Можно е да откриете некои нешта за кои не сте биле свесни.