Подгответе се за силна енергија.
Photo by uomo libero on Unsplash
Оваа полна Месечина е позната како „ јагодова месечина”. Таа е и месечината која полека ни го најавува летото, односно летната рамноденица. Во некои култури таа е позната и како Медена месечина.
Оваа полна Месечина е во Стрелец, кој е познат како знак на авантурата и спонтаноста. Што им носи таа на хороскопските знаци?
Овен
Советот за вас е да правите што сакате. Ќе се изненадите од радоста која ќе ви дојде правејќи го она што навистина ви го исполнува срцето. Не должите никому ништо. Живејте го својот живот по свои правила.
Бик
Вознемирени сте, а полната Месечина може повеќе да го интензивира тоа. Затоа, најважно е да ги направите оние работи кои ќе ви помогнат да избегате од обврските и да се одморите. Одвојте време за себе, но слушнете го внатрешниот глас. Тој ќе ви покаже што ви е потребно.
Близнаци
Загрижени сте за она што го прават луѓето, посебно оние со кои не се сложувате. Пробајте да останете во својот редослед и да не влегувате во туѓите животи. Важно ви е да живеете во мир, но не и да се споредувате со другите.
Рак
Организацијата е клучна во овој момент за да го избегнете стресот. Искориститете ги сите ресурси кои ќе ви помогнат подобро да ја организирате својата работа, но и обврски. Најважно е да поставите граници.
Лав
За време на оваа полна Месечина се интензивираат вашите вештини за вмрежување. Тоа ќе ви донесе нови луѓе во вашиот живот. Дајте им шанса да ве импресионираат, на сите полиња.
Девица
До израз доаѓаат семејните активности, кои ви помагаат да изградите подлабок однос, но и да се зближите со саканите. Потпрете се на другите ако тоа ви е потребно. Не морате сè да правите сами.
Вага
Многу информации доаѓаат кон вас, но дел од нив не се вистинити. На вас е да ја истражите вистината и да одредите во што ќе верувате. Некои работи се сосема поинакви од тоа какви што ви се претставуваат.
Шкорпија
Полната Месечина става фокус на вашите финансии, повикувајќи ве да почнете да штедите. Вашата финансиска ситуација е добра сега, но посакувате да побегнете на подалечна дестинација и да избегате од сите.
Стрелец
По прв пат по некое време станувате нежни и отворени и подготвени сте да допрете едно подлабоко ниво. Конечно успевате да ги разберете своите емоции за време на полната Месечина. Тоа ви овозможува да зборувате од срце.
Јарец
Направете чекор наназад и согледајте ги работите од поинаква перспектива. Просторот за разбирање на ситуацијата ви помага да ги видите работите како кристално јасни. Понекогаш ви е потребен момент да се оладите пред да преземете акција. Не носете брзи одлуки за време на полната Месечина.
Водолија
Месечевата светлина ве потсетува на тоа кои сте и кои сакате да бидете. Во текот на изминатата година, вашите цели се изменија. Сега универзумот ве проверува колку сте напреднале.
Риби
До големи промени во работата може да дојде за време на полната Месечина, што ја отежнува вашата работа во моментот, но ви носи големи успеси во текот на следниот период. Не ги преземајте сите обврски на себе, туку изборете се за она што ви е вистински важно.