Полна Mесечина на 3 август: Очекувајте го неочекуваното

Сезоната на Лавовите е во полн ек, а во понеделник на 3 август ни пристигнува и полната Месечина. 

Таа ќе донесе бура од емоции, но и многу промени и желба за слобода. 

Што им носи полната Месечина на хороскопските знаци?

Овен

Овните се родени лидери, но оваа полна Месечина ќе им даде можност да се повлечат и да ги слушнат мислењата на тие околу нив. Иако мислите дека точно знаете каде сакате да одите во иднина, оваа енергија ви носи поврзување со другите и барање помош од нив. Не се ослободувајте од моќта која секако ја имате, но дозволете им на другите да ви дадат поддршка.

Бик

Препуштете се на тоа што се случува. Оваа полна Месечина во носи тензија во односите со другите луѓе, па можно е на површина да излезат некои работи кои долго беа под површината. Пробајте да се фокусирате на тоа што го сакаат и другите околу вас и дозволете им да ви кажат каде грешите. Оваа полна Месечина ви носи и признавање на вашата работа од надредените.

Близнаци

Ако ви беше потребен нов почеток и одмор, оваа полна Месечина ви го носи тоа. Не се изненадувајте ако се решите да направите нешто сосема ново или пак да запишете курс кој одамна сте го сакале. Време е за ментална стимулација, драги Близнаци.

Рак

Ако се соочивте со интензитет во интимните односи во последно време, одговорот лежи во тоа што сте многу ранливи, но и што треба да се отворите и да ги покажете своите чувства. Не ги држете затворени во себе, тоа нема да ве однесе никаде. Енергијата на оваа полна Месечина бара од вас да ги пуштите луѓето блиску до себе и да им кажете како се чувствувате.

Лав

Се соочувате со желбата да бидете независни и да се фокусирате на врските и односите кои ви се важни. Полната Месечина во вашиот знак ја акцентира и вашата потреба за поврзување во љубовните партнерства. Доаѓаат емоционални изненадувања за вас, драги Лавови. Не ги кријте своите чувства.

Девица

Девиците вообичаено имаат одлична рутина, но оваа полна Месечина носи хаос во нивните животи. Најдете време да се погрижите за себеси и да си го дадете одморот кој одамна ви е потребен. 

Вага

Ова е време кога треба да останете отворени кон новите можности. Со полната Месечина ќе се чувствувате подготвено да се поврзете со другите и комуникацијата ќе ви оди многу лесно. Фокусирајте на тоа да им донесете среќа на другите, но и да се чувствувате свои додека го правите тоа. Многу од околностите ќе се менуваат, но верувајте му на универзумот дека сето тоа е за добро.

Шкорпија

Никој нема совршен однос со другите луѓе, но вие се чувствувате како да сте дел од некоја драма а полната Месечина уште повеќе ќе го акцентира тоа. Ако постојат работи кои не се искомуницирани добро, бидете подготвени да направите компромиси. За вас доаѓа до емоционална бура, па затоа бидете подготвени тоа да донесе голема среќа.

Стрелец

Ова е период кога треба да ги искористите своите комуникациски вештини, драги Стрелци. Не дозволувајте да се најдете во средина на озборување и недоразбирања. Останете приземјени и присутни во вистината и не дозволувајте да бидете дел од никаква драма. Наместо тоа, фокусирајте се на здрави односи и солидна комуникација која ви е потребна овој период.

Јарец

Внимавајте на финансиите овој викенд, драги Јарци. Можеби ќе се соочите со ситуација да побарате помош од некого. Внимавајте какви одлуки носите и бидете со отворен ум. Запаметете дека парите доаѓаат и си одат.

Водолија

Вообичаено сакате да сте тука за другите, но ова е време кога треба да се фокусирате на себеси. Ќе ја почувствувате непредвидливоста на Уран  и ќе се соочите со желбата за голема промена. Прифатете ги промените, тие се добри за вас со оваа полна Месечина.

Риби

Вие се наоѓате во фаза на сонување, а овој викенд носи силна спиритуална енергија. Можно е да откриете некои тајни за себе на личност која сметате дека го заслужува тоа. Доаѓаат големи промени на емоционално ниво, не се плашете од нив.