Полна Месечина на 22 септември: Ни доаѓа бран од емоции и позитивен раст

Полната Месечина ни доаѓа на 22 септември, во знакот Риби.

Ова е особено емотивна полна Месечина која за многу од нас ги буди чувствата, го враќа минатото, а со тоа и некои стравови. Ќе се чувствуваме емотивно, збунето, па дури и на граница лесно да се расплачеме. Од друга страна, можна е и силна бура на романтични емоции, потреба да им помогнеме на другите, да бидеме луѓе, но и интуитивно да детектираме што е најдобро за нас.

Полната Месечина ќе го поттикне и личниот раст и може да донесе ненадејни промени во насока која ви одговара. 

Ова е транзит кој ќе биде придружен и од Меркур во квадрат со Плутон кои ги поттикнуваат екстремните мисли, прават тешкотии во комуникацијата, а доаѓа и опсесивност и манипулација. Тригонот на Меркур и Јупитер пак носи позитивни вести, ја буди вербата во ентузијазмот, и исцелува од лошите мисли. Ова е период кој носи одлична соработка со странство и подалечни личности. 

Што носи полната Месечина за хороскопските знаци?

Овен

Подгответе се за промени и добри нешта. Вие заслужувате награда за сработеното, а оваа полна Месечина конечно ќе ви овозможи да ги соберете плодовите од вашиот труд. Таа ги активира вашите идеи и визии и ви овозможува да ги манифестирате во добра насока. Ќе се фокусирате и на своите здрави навики и севкупна добросостојба, особено доколку многу работевте изминатиот период. Тоа може да значи и повеќе физичка активност или пак здрава храна. Сега е време да паузирате и да му дозволите на универзумот да ве награди.

Бик

За Биковите ќе биде активирана нивната креативност и тоа во одлична насока во однос на исполнување на нивните желби и соништа. Ќе финиширате некои проекти и ќе ги споделите резултатите со другите. Подгответе се за успех на полето на кариерата, ова е период кога треба да верувате во своите идеи и храбро да ги споделите со другите.

Уште едно поле ќе биде активно за родените во овој знак, а тоа е романсата и плодноста. Нова романтична можност може да дојде за некои Бикови кои не се во врска, а зафатените Бикови ќе почувствуваат убава енергија која ќе ја однесе нивната врска во вистинската насока, отворајќи можност за голема експанзија. Плодноста е на високо ниво исто така, така што имајте го предвид тоа.

Близнаци

Подгответе се за кариерно и домашно чистење. За многу Близнаци пристигнува унапредување и промени во однос на домот и работата. Сепак, осигурајте се дека ова е период кога имате можности,но и ги носите најдобрите одлуки за себе. За Близнаците доаѓаат и многу инвестиции и нови договори, а дел од нив ќе бидат меѓународни. Ако досега вложувавте во нешто, ова е период кога тоа ќе се покаже како исплатливо. Останете организирани и поставувајте ги вистинските прашања.

Рак

Ова е период кога ќе се чувствувате како да цветате. Циклусите на месечината вам ве погодуваат највеќе бидејќи таа е вашиот владетел. Очекувајте напредок преку креативни проекти, идеи и инвестиции. Универзумот ви носи успех и среќа како награда за вашиот труд. Тоа може да биде во форма на нов договор или унапредување, кое е усогласено со вашите соништа и желби.

Ова е одлична можност и да ја проширите својата мудрост со другите. Тоа може да вклучува подучување, комуникација па дури и обука која ќе ви помогне да стекнете повеќе знаење. 

Лав

Вашите односи со другите луѓе ќе бидат во центарот на вниманието за време на оваа полна Месечина. Доаѓа до финализирање на некои договори на кои долго чекавте, а можеби ќе добиете и поддршка, финансии или инвестиции од некој надворешен извор. Очекувајте и продлабочување на комуникацијата со некој ваш љубовен интерес, со што ќе се развие дискусијата за почеток на врска и ќе го направите првиот чекор во однос на тоа. 

Девица

Ова е важна полна Месечина која носи енергија за Девиците. Ќе се чувствувате мотивирано да направите лични промени, а таа е момент кој ви носи и чистење на енергијата и можност да направите прогрес во односите со другите луѓе. Можно е да донесете нагла одлука кога станува збор за вашите лични односи и да го пресечете контактот со личност која не ви носи ништо добро.

Важна тема за време на полната Месечина е и вашата комуникација во партнерствата. Можно е да дојде до важен разговор кој ќе ги продлабочи и ќе ви донесе позитивен напредок.

Вага

Оваа полна Месечина ви носи фокус на вашите дневни навики, работа и добросостојба. Можно е да донесете одлука која ќе го промени вашиот животен стил, а ова е добро време да го слушнете своето тело и да внесете промени кои ви се потребни за да се чувствувате подобро.

Ова е и период кога ќе почнете да забележувате промени во вашиот професионален живот и тоа на дневно ниво, во однос на тимот. Можеби ќе бидете притиснати да работите повеќе, а тоа ќе придонесе за позитивни промени во однос на вашите пригоди. Оваа трансформација ќе биде корисна за вас на долг рок.

Шкорпија

Се менува вашата креативност и начинот на кој и пристапувате на работата. Тоа можеби ќе се случи преку една можност или нов проект кој ќе ви помогне да се изразите на автентичен начин. Можно е да бидете поактивни во комуникацијата со луѓето во вашата мрежа, а освен тоа важно е да останете посветени на тоа што што е значајно за вас и што ќе ви донесе исполнување на желбите. Ова е време и за финансиска добивка, особено во однос на финансиите во кои вложувавте време и напор изминатиот период. Очекувајте нагли промени кои ќе ве придвижат напред, а не заборавајте да читате меѓу редови.

Стрелец

Главниот фокус е на вашата кариера, како и растот и проширувањето на хоризонтите. Ќе почувствувате позитивна енергија за време на полната Месечина, а освен тоа ова е момент и кога ќе добиете мотивација за нови контакти и проширување на вашата мрежа на луѓе. Домот исто така ќе биде во фокус на некои Стрелци, особено ако наскоро очекувате да се вселите на ново место. 

Јарец

За Јарците доаѓа нова можност преку појава на влијателна личност во вашата мрежа. Тоа исто така може да дојде и преку пријател или социјалните мрежи. Можни се и нови контакти, состаноци и дискусии кои ќе се случат за време на овој транзит. Очекувајте промени кои ќе ги трансформираат вашите финансии и кариера. Ако се соочувавте со одложувања, универзумот ви носи можност за тоа.

Водолија

Ова е позитивен момент кој носи промени во однос на финансиите. Полната Месечина ја активира оваа област од вашиот живот,а  ви носи и финансиска поддршка. Очекувајте да се чувствувате постабилно и опуштено овој период.

Можно е да се зголеми вашиот интерес за патување, или пак да се продлабочи некоја врска на далечина, а ова се должи и на убавата поврзаност на Меркур во Вага и Јупитер во Водолија кои имаат влијание на оваа полна Месечина.

Риби

Полната Месечина во вашиот знак става фокус на вашата интуиција и емоции. Универзумот ќе ви овозможи да се охрабрите да размислите и разговарате за личните потреби во вашите односи со другите, а бидете внимателни и во однос на тоа како останувате доследни на себеси.

Ако бевте вклучени во некакви преговори или дискусии, ова е време да ги придвижите работите напред. Сепак, останете трпеливи.