Полна Месечина на 20 октомври: Што им носи на хороскопските знаци?

Полната Месечина овој месец ни доаѓа на 20 октомври во амбициозниот Овен.

Овој транзит носи силна енергија која ни носи нови увиди, лекции и знаење. Таа ја активира и енергијата на Марс, Плутон и Ерис, создавајќи го познатиот Т квадрат на небото. Спојот на овие енергии може да донесе и мала напнатост, но и нешто добро. Ќе ни помогне да откриеме важни вистини, да поставиме граници и да делуваме кон тоа да ја промениме ситуацијата.

Полната Месечина во Овен може да ни помогне и да смириме некои тензии, а ова е енергија која ни носи чистење во нашите животи. Можно е да бидете соочени со носење на тешки одлуки, кои ќе го сменат вашиот живот од корен. Ова е и време кога треба да го ставиме воениот шлем (под влијание на Марс) и да ја зголемиме својата самодоверба.

Но, пред тоа -  признајте ги своите несигурности, некои негативни начини на размислување и однесување и донесете одлука како да го промените тоа. Енергијата на оваа полна Месечина е период на трансформација, кога ќе се чувствувате подобро и послободно. Ова ќе ви помогне да се ослободите и од некои стари навики и наместо тоа да внесете нови кои ќе ви овозможат подобро живеење.

Без оглед на тоа колку сте задоволни со својот живот, оваа полна Месечина може да ви помогне да смените некои планови и цели и да работите на тоа да ги постигнете. Ќе бидете мотивирани да преземете продуктивни чекори и да верувате во својата интуција.

Овенот е знак кој е импулсивен и делува брзо, па затоа и енергијата може да биде интензивна за време на оваа полна Месечина.