Полна Месечина на 11 август: Време е да простиме и да се препуштиме на вистината

Полната Месечина во август е последната супермесечина за 2022 година.

Тоа значи дека емоционалната енергија ќе биде поинтензивна од вообичаено. Кога таа го осветлува небото, сонцето и Месечината се во директна опозиција. Ова е период кога треба да се препуштиме на новите нешта и да заборавиме на минатото, особено оние работи кои нè спречуваат да живееме со својот целосен потенцијал. Овој транзит истовремено е момент на вистина и осознавање. Стануваме посвесни за својата околина, ја слушаме интуицијата и ги гледаме работите од појасна перспектива. Таа ни помага да донесеме подобри одлуки за својот живот.

Полната Месечина на 11 август настапува во иновативната Водолија, што значи дека можеме да се подготвиме за радикални промени. Таа ни помага да работиме напорно и да си помогнеме себеси, но и на другите. Стануваме свесни и за туѓата енергија и забораваме на себичноста. Вистината е поедноставна од она што го знаеме. 

На лично ниво, оваа месечина од нас бара да се посветиме на вистината бидејќи таа е поедноставна од она што го знаеме. Време е да простиме и да продолжиме напред, без некои лоши чувства кои можеби постоеле досега. 

Освен тоа, најважно е да веруваме во добрината на другите.