Полна Месечина на 1 октомври: Доаѓа чистење на кармата и циклус на моќна енергија

Полната Месечина носи големи промени и хаотична енергија. 

Таа се појавува на небото на 1 октомври во знакот Овен, а освен неа, доаѓа уште една полна Месечина во знакот Бик на крајот на октомври.

Октомври е период на прочистување, големо чистење на енергијата и подготовка за нов животен циклус. Во претходните месеци бевме сведоци на бројни турбуленции и нагли промени, а полека ни се чини дека се враќаме во рамнотежа.

Сите тајни и сенки излегуваат на површина, веќе нема маски,а  сега е момент да ја прочистите кармата од минатото и полека да истражувате нови животни хоризонти. 

Целата година беше во знак на напнатоста и вжештените емоции, а полната Месечина има тенденција да го засили тоа. Можно е да дојде до несогласувања, драми, недоразбирања, но мораме да останеме силни. Не смееме да дозволиме ваквите бури да се одразат на нашето физичко и менталнно здравје. 

Најголемата грешка која можете да ја направите за време на полната Месечина е да ги игнорирате проблемите. Вратете се на корените на своите постапки, согледајте ги грешките и размислете кои се научените лекции.

Иако оваа полна Месечина носи драматична енергија, сепак доаѓа и енергија на исцелување поради астероидот Кирон кој е поврзан со месечината. Кирон е познат како исцелител на раните, а неговата енергија го поттикнува процесот на будење.  Со ваквата енергија, имаме способност подобро да делуваме на нашиот живот и да успееме да ја видиме поголемата слика. 

За време на полната Месечина, важно е нашите вибрации да бидат на високо ниво, а енергијата светла и силна. Сега мораме да се ослободиме од лошите навики и рани од минатото. 

Полната Месечина е хаотична, но има и свои добри страни. Искористете ја енергијата на прочистување за да се ослободите од лошата карма. Овенот е силен војник кој храбро влегува во нови животни поглавја, а полната Месечина ни помага да расчистиме со минатото и ни претставува крај на еден период од животот. 

Време за ново ниво и нови искуства!