
Вчера во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица - ОВР Радовиш го лишијле од слобода А.Г.(22) од Радовиш.
Како што се наведува во полицискиот билтен, истиот ден полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш и полициски службеник-водач на службено куче од Регионален центар за гранични работи Исток извршиле пребарување на простор околу поранешна винарска визба на улицата „Чеде Филиповски Даме“ во Радовиш, при што службеното куче пронашло две пакувања со марихуана.
По преземените мерки дојдено било до сознание дека марихуаната ја сокрил А.Г., кој во службен разговор признал дека е негова.
Запознаен бил јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветна пријава.