Полицискиот час не го почитувале 32 лица, 446 прекршоци за неносење маски

Во периодот од полноќ до 04:00 часот утринава констатирано е дека 32 лица не ја почитувале забраната за движење, соопштија од Министерството за внатрешни работи.

Во текот на изминатото деноноќие пак, на територијата на државата, регистрирани се 476 прекршоци за мерката за носење лична заштита на лице.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата.