Полицискиот час ќе го испразни Скопје, но создаде гужва на патарините и маркетите

Владата на вчерашната седница ја прифати препораката на Комисијата за заразни болести и донесе одлука за ограничување на движењето за време на претстојниот продолжен празничен викенд, соопшти вчера министерот за здравство Венко Филипче. Но, полицискиот час и рестриктивните мерки за движење попладнево создадоа ред и метеж во маркетите, но и на патарините. Голем дел од граѓаните викедот ќе го поминат во некоја од туристичките дестинации. 

Полициски час од денес (4 јуни) во 21 часот до понеделник (8 јуни) до 5 часот наутро ќе има во Скопје – сите скопски општини, во Општина Куманово, Општина Липково,Општина Штип, Општина Тетово, како и во Боговиње, Брвеница, Теарце, Желино и Јегуновце. Во сите останати градови полицискиот час да трае од денес (4 јуни) во 21 часот до утре (5 јуни) до 5 часот наутро, додека во останатите денови да почнува од 16 часот и да трае до следниот ден до 5 часот наутро.