Полициски службеници физички нападнати од повеќе лица

На 09.05.2019 година околу 17:35 часот во с.Д.Количани-скопско, полициски службеници од Полициската станица Драчево при преземање на службени дејствија со цел да запрат две товарни моторни возила натоварени со дрва, биле физички нападнати од повеќе лица жители на селото.

Во тој момент бидејќи им била загрозена сигурноста полициските службеници испукале по еден предупредувачки истрел во воздух и успеале да се оттргнат од насобраната толпа.

Полициските службеници со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“ каде им била укажана лекарска помош и од страна на лекар констатирани им биле телесни повреди.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.