
Пукање, бркотница со автомобили... дел од жителите на Скопје вчеравечер беа вознемирени од звуци на пукање при полициска акција.
Бркотницата завршила на патот кон населеното место Идризово, каде што полициските службеници успеале да го запрат џипот „ренџ ровер“, кој претходно избегал од неколку полициски обиди за запирање.
Според првичните, неофицијални информации, за време на потерата се слушнале пукотници, но засега не е познато кој употребил огнено оружје.
На видеоснимки што кружат на социјалните мрежи се гледа блокиран стариот пат кон Велес, кај Идризово, каде што полициски екипи се распоредени на терен, а возилото завршило во ендек покрај патот, пренесуваат голем број медиуми.
Од Министерството за внатрешни работи со официјални информации за случајот ќе се огласат по извршениот увид.