Полициска акција „Жетва“: Приведен бегалец од затвор

Полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка-Одделение за потраги, во рамки на оперативната акција „Жетва“ денеска во Скопје го лишија од слобода И.М.(48) од Струмица.

-И.М. бил баран со меѓународна потерница поради бегство од затвор за доиздржување на казна затвор во траење од една година, четири месеци и 15 дена, информира МВР.

Како што соопшти МВР, тој бил осуден поради сторено кривично дело по член 247, став 4, во врска со став 1, а во врска со член 45 од Кривичниот законик.

И.М. ќе биде предаден на надлежната казнено поправна установа за доиздржување на казната.