Полициска акција во две домашни и една странска фирма поврзани со бизнисменот Камчев

Се уште се тече полициска акција во три фирми поврзани со бизнисменот Орце Камчев и тоа две во нашата држава и една во Шпанија, со претходна наредба од страна на надлежен обвинител,  потврдија извори од истрагата за МИА.

Според првичните информации, полициската акција во фирмите е поврзана со долгот од 400.000 евра на ВМРО-ДПМНЕ за финансирање на кампањата за последните претседателските избори.

Државниот јавен обвинител Љубомир Јовески денеска изјави дека најверојатно тоа е акција на МВР и оти во овој момент подетални информации околу тоа нема.