Полициска акција вечерва во Драчево, еве што контролира полицијата!

Полициски службеници вечерва спроведуваат интензивно сообраќајни контроли на територијата на скопската населба Драчево. Според информациите на Скопје Инфо, полицајците вечерва на неколку локации ќе ги проверуваат возачите дали ги почитуваат законот за безбедност на патниот сообраќај и дали користат заштитна опрема против коронавирусот.  Проверките се дел од акциските контроли на Министерството за внатрешни работи кои се спроведуваат веќе подолг временски период. 

Министерството за внатрешни работи вчера на територијата на општина Чаир изрече вкупно 207 санкции, меѓу кои возење без возачка дозвола за 23 лица, 24 за технички неисправни и нерегистрирани возила, 31 за неносење на заштитна маска 31.

-Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот, соопштуваат од МВР.