Полицијата затвори угостителски објект во кој имало гости без сертификати

Министерството за внатрешни работи информриа дека синоќа во 21.35 часот, полициски службеници на СВР Тетово - Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода С.Е.(49) од гостиварско Чајле, во чиј угостителски објект на ул.„Живко Брајковски“ во Гостивар биле затекнати гости без сертификат за вакцинација.

Од полицијата информираат дека објектот е времено затворен од Државниот пазарен инспекторат, а против С.Е. ќе биде изготвен поднесок за „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“, согласно член 206 од Кривичниот законик.