Полицијата во Скопје не простува брзо возење - казнети над 50 возачи за еден ден

Единаесет сообраќајки се регистрирани вчера на порачјето на СВР Скопје, а во четири од нив се повредени пет лица, меѓу кои со тешки телесни повреди се здобил пешак.

За пречекорување на брзината сообраќајната полиција санкционирала  51 возач. За возење под дејство на алкохол се исклучени двајца возачи, како и 17 пред да се стекнат со право на управување, а од сообраќај се исклучени и 10 технички неисправни и нерегистрирани возила. 

За 58 возила се изречени мерки за непрописно паркирање, а „пајакот“ подигнал 48.

Санкционирани се и  возачи за поминување на црвено светло и неправилно престигнување, а за некористење заштитене шлем 11 возачи на велосипед со мотор, мопед и мотоцикл.