Полицијата во Гостивар фатила корисник на дрога, па потоа и дилерот кој го снабдил

При претрес во Гостивар пронајдена била дрога и лишени од слобода биле две лица.

Како што информираат од МВР, вчера во Гостивар, полициски службеници од НККР Гостивар го лишиле од слобода Б.Х. од Гостивар, затоа што кај него била пронајдена марихуана.

Подоцна, околу 23:00 часот, по добиена судска наредба, полициски службеници извршиле претрес во домот и помошните простории на Ј.К. (33) во Гостивар, кој претходно му продал марихуана на Б.Х..

При претресот пронајдена била марихуана.

 Ј.К бил лишен од слобода и по целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок, додаваат од МВР.