Полицијата во Гази Баба расчисти четири кражби, приведени тројца крадци

По преземени мерки и активности, полициски службеници од ЕВР Гази Баба го приведоа А.Ј.(21) од Скопје поради сомнение за сторени две кривични дела „тешка кражба“ во две фирми во Скопје.

-По преземени мерки било утврдено дека ноќта на 11/12.10.2020 во фирма во кругот на поранешната фабрика Газела одзел различни предмети, а втората кражба ја извршил ноќта на 12/13.10.2020 во фирма на ул.„Благоја Стефковски“, каде што одзел различни предмети. Украдените предмети од двете кражби биле пронајдени и вратени на оштетените, информира МВР.

ЕВР Гази Баба, по преземени мерки го приведе и Д.Н.(42) од село Брњарци, скопско, поради сомнение за сторено кривично дело „кражба“ во куќа во истото село на 19 септември каде што одзел различни предмети. Предметите биле одземени од приведениот и вратени на оштетеното лице.

Исто така, ЕВР Гази Баба ја расчистила и тешката кражба од 26 август во куќа во село Петровец од која било одземено злато и по преземени мерки и активности го привела И.А.(18) од ова село. Во разговор со полициски службеници тој го признал делото.

По целосно документирање на случаите, против трите лица ќе биде поднесена соодветна пријава.