Скопјанец заработи кривична пријава за неовластено производство и пуштање во промет наркотички дроги и психотропни супстанции.

Полицијата денеска соопшти дека кривичната пријава е поднесена против 34-годишниот Ќ.А.

Во неговиот дом при претрес на полицијата извршен во петокот пронајдени се четири полиетиленски пакувања со наркотична дрога хероин со вкупна маса од 186,84 грама хероин, една дигитална вага со остатоци од хероин и една сим картичка со остатоци од хероин.