Полицијата влезе во дом на скопјанец – дрога чувал во тегли

При претрес во домот на 24. годишниот скопјанец Б.Т. полицијата пронашла кеса со пет стаклени тегли со марихуана и вага.

За настанот бил известен Јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот против Б.Т. ќе биде поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело “неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.