Полицијата вчера упадна на свадба во скопско на која присуствувале 300 гости

Синоќа во околу 21 часот започна акција на Полицијата и пазарната инспекција за да се растури свадба во село Глумово.

-Според нашите информации, на свадбата присуствувале 300 луѓе, но по упадот на полицијата, свадбата во ресторанот во Глумово е прекината, а казни ќе има и за газдата на ресторанот и за гостите за непочитување на препораките на надлежните институции за спречување на Ковид 19, објави Канал 5 телевизија.