Полицијата вчера апсеше во Кисела Вода и Карпош поради дрога

Полициски службеници вчера низ Скопје уапсија четири лица поради дрога.

На подрачјето на Карпош, вчера во 13 часот полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Е. Ц. (46) од Скопје, затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и дробилка.

Вчера во 13:50 часот на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ја лишиле од слобода Т. С. (30) од Скопје, затоа што кај неа била пронајдена и одземена марихуана.

Исто така, вчера во 15:50 часот на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Д. М. (24) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

На подрачјето на Карпош, вчера во 17:20 часот полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Џ. К. (27) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

По целосно документирање на случаите ќе следи соодветен поднесок.