Рано утрово, по налог на јавен обвинител, уапсен е поранешниот директор на Бирото за јавна безбедност во МВР Митко Чавков, пренесува Република.
Чавков е уапсен по отворена истрага за насилствата од 27 април во Собранието, каде од пониските структури од МВР беше посочен дека 2 часа не давал наредба за дејствување на полицијата, со што го довел во опасност животот на пратениците од СДСМ и на други пратеници и новинари.
Се очекува утрово Чавков да биде донесен во Кривичниот суд пред судија за претходна постапка.
Покрај Mитко Чавков приведени се уште 15 лица, меѓу кои уште пратеници и граѓани кои се најдоа на 27 април во Собранието.
Помеѓу нив, како што дознава Република се и актерот Владо Јовановски, Горан Ангелов – Ќосето од Велес, пратеничката Жаклина Стефановска, пратеникот Крсто Муковски, пратеникот Љубен Арнаудов од Охрид и други, за кои ќе ве информираме подоцна.