Полицијата упадна во Визбегово: Приведен млад скопјанец

Секторот за внатрешни работи Скопје, до Основното јавно обвинителство Скопје, поднесе кривична пријава против 20-годишниот Б.Р. за „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“.

На 23. минатиот месец врз основа на судска наредба, полициски службеници извршиле претрес на дом и други простории на Б.Р. во селото Визбегово. При претресот биле пронајдени четири пакувања со растителна материја и една вага со остатоци од растителна материја.

Пронајдените предмети биле одземени и дадени на вештачење, а скопјанецот бил лишен од слобода, задржан во Полициската станица Гази Баба и со него бил извршен службен разговор. 

Од вештачењето било  утврдено дека раститената материја претставува наркотична дрога марихуана со маса од околу 1,9 килограми.