Вчера во 16.00 часот во с.Долно Палчиште, полицијата од Тетово ги уапсила 18-годишниот А.М. од с.Горно Палчиште, С.У.(50) од с.Долно Палчиште и Ј.И.(43) од прилепското село Дебреште поради пријава дека организирале борби со кучиња.
Од МВР информираат дека за настанот биле известени јавен обвинител и Агенција за храна и ветеринарство, кои излегле на местото и кои ги преземале кучињата за понатамошна постапка. Лицата биле задржани во полициска станица и по документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.