Полицијата пронајде дрога кај две млади девојки и еден маж, за време на концерт во Охрид.
- На 31.07.2024 околу 22 часот, за време на музички концерт на отворен простор на улицата „Кленоец“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид, при извршени прегледи кај А.Д.(20) и А.Ј.(21), двете од Тетово, пронајдоа и одзедоа марихуана, додека кај Н.Г.(33) од Струга, пронајдоа бела прашкаста материја, соопштија од полицијата.
Против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.