Полицијата трага по возачот кој прегази дете во Лисиче

Полицијата се уште го бара лицето кое вчера во 14 ч. во Скопје на крстосницата од ул.„Горно Лисиче“ и ул.„Горноврановска“ прегази малолетнича и побегна од местото на настанот.

Сообраќајната незгода се случила од засега непознато лице кое со патничко моторно возило удрило во велосипед „Династи“, управуван од малолетничка од Скопје по што и возачот го напуштил местото. 

Малолетничката била пренесена во Градска општа болница Св.Наум Охридски, каде и била констатирана тешка телесна повреда.

Се работи на расчистување на случајот.