Полицијата трага по планинари - државјани на Холандија и Германија кои се изгубиле на границата со Косово

Синоќа во 19.31 часот во Секторот за меѓународна полициска соработка, од Интерпол Германија е пријавено дека на граничната линија помеѓу Република Северна Македонија и Република Косово  се изгубиле две лица- државјани на Сојузна Република Германија и  Кралство Холандија, кои планинареле во близина на граничната линија.

„Известени се СВР Тетово, Центар за управување со кризи и Регионалниот центар за гранични работи Север. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата“, информираат од полицијата.