Вчера Одделението за превенција при СВР Скопје, постапувајќи по претходно подготвените планови за превентивни активности од областа на имотните деликти и кампањата – „Не оставајте вредни предмети во вашиот автомобил“, реализираше превентивна активност со граѓани на подрачјето на општината Гази Баба.
Полициските службеници во разговори со граѓаните споделија корисни совети за подигање на свеста за заштита од тешки кражби од патнички моторни возила, како и зајакнување на довербата и соработката помеѓу полицијата и граѓаните.
Исто така, на присутните граѓани им се делеше и едукативен материјал односно летоци, со информативни содржини од областа на имотните деликти.