Полицијата со полни раце работа: Скопските возачи прават прекршоци, пајак службата во акција

Од МВР информираат дека вчера сообраќајната полиција открила и санкционирала поголем број прекршоци.

Осум возачи се движеле со брзина поголема од дозволената, петмина поминале на крстосница на црвено светло, исто толку не дале првенство на минување на пешаци на обележан пешачки премин, тројца се санкционирани за неправилно престројување, четворица за неправилно престигнување и тројца возачи кои не дале првенство на минување на возилата во зона на крстосница.

Од сообраќај биле исклучени шест возачи кои го управувале возилото под дејство на алкохол, 17 возачи пред да се стекнат со право на управување на моторно возило и тројца возачи почетници, како и 16 нерегистрирани возила. Затекнати биле 90 непрописно паркирани возила.

Со помош на  специјалното возило „пајак“, отстранети биле 74 возила.