Полицијата со писмени и сообраќајни поуки за несовесните пешаци

На територијата на СВР Велес вчера од 7 до 13 часот била извршена контрола на пешаците кои не ги почитуваат сообраќајните прописи, при што биле  констатирани вкупно 25 прекршоци. Од СВР Велес потенцираат дека со несовесното поминување на улица,а не на пешачки премин и не почитувани на сообраќајните правила и прописи овие несовесни пешаци самите си го загрозуваат сопствениот живот. Како што информираат од СВР Велес од нив седум несовесни пешаци биле регистрирани  во Велес, осум во Кавадарци и 10 во Неготино.

Некои од овие лица биле  писмено опоменати, а некои  упатени на сообраќајна поука.

Тие  воедно се и  голема опасност за возачите, бидејќи поминуваат набрзина каде што ќе им текне, а ако возачот во тој момент брзо не реагира и  закочи  може не по своја вина  несакајќи  и да ги презгази.