Полицијата со детали за настанот во Станица 26: Две лица пријавиле напад со тврд предмет

Министерството за внатрешни работи попладнево објави информација за настанот кој се случил вчера во три часот наутро во скопската дискотека „Станица 26“. 

Од полицијата информираат дека вчера околу 03.00 часот во Полициската станица Центар било пријавено дека во угостителски објект на подрачје на Центар бил нарушен јавниот ред и мир од неколку лица.

Исто така, истиот ден во 15.50 часот во Полициската станица Центар, И.Т.(23) од Скопје и С.К.(23) од Германија пријавиле дека во 01.30 часот во угостителскиот објект на подрачје на Центар биле физички нападнати со тврд предмет од едно лице, стои во полицискиот билтен. 

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Скопје Инфо денес објави дека во инцидент кој се случил во ноќен клуб во Скопје, две девојки се повредени. Настанот беше причина коментари и реакции на социјалните мрежи.