Полицијата синоќа „тресела“ во Батинци и на други локации: Потера по член на кланот Беланоца

На повеќе локации меѓу кои и во Батинци, полицијата синоќа беше во потрага и обид за апсење на бегалец осомничен за тешки кривични дела, потврди МВР.

Повеќе полициски тимови беа на терен во Батинци, родното место на бегалецот кој е осомничен за две убиства.

-По претходно добиена информација, надлежни полициски служби при МВР денеска делуваа на подрачјето на Скопје, со цел лишување од слобода на лице, по кое е распишана национална и меѓународна потерница за тешки кривични дела. Активностите продолжуваат на терен со цел пронаоѓање и лишување од слобода на лицето од висок интерес, велат од МВР.

Според сознанија на Телма, потерата е по Џавит Муса припадник на кланот Беланоца кој е во бегство и во јули изврши убиство на жител на Батинци (офицер на АРМ) поради несогласување и обид насилно да ја венча  ќерката на убиениот. Претходно е осомничен за друго убиство.