Полицијата расчисти три кражби и уапси двајца крадци од Арачиново

Денеска (17.02.2023) во 11.15 часот на ул.„Вера Радосавлевиќ“ во Скопје, полициски службеници од ЕВР Гази Баба ги лишиле од слобода Х.С.(58) од Гостивар, со престој во с.Арачиново, скопско и В.А.(57) од с.Арачиново.

-Тие биле затекнати при извршување кражба. По преземени мерки било утврдено дека денеска тие извршиле три кражби, кои се расчистени. Исто така, по извршени проверки било констатирано дека Х.С. бил баран за издржување затворска казна, информира МВР.

Тој ќе биде спроведен во надлежната казнено-поправна установа за издржување на казната, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.